Ливерпул со пресврт до триумф над Тотенхем за плус шест во однос на Манчестер Сити


Ливерпул го совлада Тотенхем со 2:1 вечерва на домашен терен во дерби натпреварот од 10. коло од шампионатот на Англија.

Гостите поведоа преку Хари Кејн уште во првата минута од средбата. После 51 минута резултатот го изедначи играчот од средниот ред на домаќините Џордан Хендерсон. Во 75. минута од натпреварот, Мохамед Салах од пенал го постави конечниот резултат.

По оваа победа, Ливерпул има 28 бода на врвот на табелата, шест повеќе од второпласираниот Манчестер сити.

Тотенхем е на 11.место со 12 бода.

Манчестер јунајтед го совлада Норвич со 3:1 и при тоа не реализира два удара од 11 метри.

Головите за гостите на денешниот дуел ги постигнаа Скот Мектоминај, Маркус Рашфорд и Ентони Марсијал. За Норвич погоди Онел Ернандез.

Пеналите за Јунајтед не ги реализираа Рашфорд при резултат 1:0 и Марсијал при водство на неговиот тим од 2:0.

Манчестер јунајтед ја оствари својата прва победа на последните пет меча и со 13 бода се наоѓа на 7. место.

Норвич е претпоследен на табелата со само седум бода.