Ливерпул со пресврт до победа над Борнмут и историја


Ливерпул го совлада Борнмут со 2:1 и испиша нова страница историја во клупскиот и во англискиот фудбал.

Борнмут на „Енфилд“ поведе со голот на Вилсон Калум во деветтата минута, израмни Мохамед Салах во 25, а пресвртот дојде во 82. минута преку Садио Мане.

Египќанецот влезе во клупската историја на „црвените“ како играч со најмалку 20 постигнати голови во Премиер лигата во три сезони во низа по Мајкл Овен кој во тоа успеа во сезоната 2000/01.

Ливерпул по 29 одиграни натпревари во Премиер лигата оваа сезона има 82 бода што е најголемо бодовно салдо што некој клуб го има архивирано по толку настапи. Или вкупно гледано, „црвените“ имаат 27 триумфи, реми и пораз. Лидери се на табелата со 25 повеќе од Манчестер сити, додека Борнмут е 18-ти со 27 бода.