Ливерпул со нов дрес на гостувања


Спонзорот на Ливерпул „Њу баланс“ за утре најави објавување на новиот гостински дрес на европските шампиони за следната сезона.

Според истиот извор, дресот ќе биде во бела боја, што наиде на разочарување кај дел од навивачите кои се надеваа на жолта варијанта.

Иако се уште не е претставен службено, многу фотографии на дресови се споделени на социјалните мрежи, а некои објавија и слики на третиот дрес на Ливерпул но се уште никој не ги потврдил таквите информации.

Инаку, „Њу баланс“ од следната сезона ќе бидат спонзори на европскиот шампион, а за тогаш најавија и нов производител на опрема за англиската екипа.