Ливерпул прв тим во историјата на Премиер лигата што победил на 60 различни стадиони
Ливерпул го победи Евертон со 2:1 вчера на гостински терен во 33. коло од англиската Премиер лига. Натпреварот се одигра на стадионот „Хил Дикинсон“ во Ливерпул.
„Црвените“ станаа првиот тим во историјата на Премиер лигата што победил на 60 различни стадиони во натпреварувањето.
Евертон минатите сезони играше на „Гудисон парк“ се до изградбата на новиот стадион – „Хил Дикинсон“.
Ливерпул има 55 бода и е петти на табелата во Англиското фудбалско првенство, додека Евертон е 10-ти со 47 бода.