Ливерпул нов европски шампион


Ливерпул го победи Тотенхем вечерва во Мадрид со 2:0 и го освои трофејот во фудбалската Лига на шампиони.

Стрелци на головите за „црвените“ беа Мохамед Салах во 2. минута од пенал и Дивок Ориги во 88. минута.

За Ливерпул ова е шести трофеј во елитната лига.