Ливерпул ќе го скрши рекордот на Манчестер Јунајтед за спонзорски договор


Ливерпул ќе го потпише најскапиот спонзорски договор за опрема во Премиер Лигата. Според „ЕСПН“, Ливерпул се во напредни преговори со „Најк“, а приходите за клубот од „Енфилд“ ќе ги надмине 750-те милиони, за кои Манчестер Јунајтед потпиша со „Адидас“ пред неколку години.

Ливерпул во моментов игра со „Њу Баланс“, но договорот со концернот од САД завршува по крајот на следната сезона. Сепак, постои клаузула во договорот дека договорот ќе биде автоматски продолжен ако „Њу Баланс“ ја изедначи најдобрата понуда, која Ливерпул ќе ја добие од конкурентни фирми.

Според „ЕСПН“, од „Енфилд“ имале разговори и со „Адидас“ и „Пума“, но најнапредни разговорите со„Најк“.

Во моментов, најголемиот договор за опрема во светот е помеѓу Барселона и „Најк“. Тој беше потпишан во 2018 година, а Каталоните добиваат околу 100 милиони фунти годишно – 20 милиони повеќе отколку што Реал Мадрид добива од „Адидас“.

Американскиот медиум тврди дека Ливерпул едвај ќе ги добие истите услови како Реал и Барса, но сигурно ќе биде пред Манчестер Јунајтед.