Ливерпул го победи Кардиф и се врати на првото место во Премиер лигата


Ливерпул го победи Кардиф со 2:0 во натпревар од 35. коло на англиското фудбалско првенство и со трите освоени бода се врати на лидерското место на табелата.

Головите за „црвените“ ги постигнаа Џорџињо Вијналдум и Џејмс Милнер од пенал.

Ливерпул со 88 бода е прв пред Манчестер сити кој има 86 и натпревар помалку.

Кардиф” со 31 бод се наоѓа на 18. позиција.

На другите два денешни натпревара во Премиер лигата:

Евертон – Манчестер јунајтед 4:0
Арсенал – Кристал палас 2:3.