СП2022: Хрватска обезбеди пласман меѓу осумте најдобри


ОАЕ- Хрватска се пласираше во четвртфиналето на Светското првенство во Катар совладувајќи ја вечерва на стадионот „Ал Џануб“ во Ал Вакра, Јапонија, на пенали со 3-1, откако по регуларниот дел и двете продолженија резултатот беше израмнет 1-1.

Јапонија, која претходно на Мундијалот со два пресврти триумфираше над Германија и Шпанија, поведе во осминафиналната пресметка против Хрватска во 43 минута преку Даизен Маеда.

Хрватска, која е  актуелен светски вицепрвак, израмни во 55 минута преку Иван Перишиќ и со поуспешно изведување пенали обезбеди пласман во четвртфиналето.

Херој на Хрватска беше Ливаковиќ кој одбрани дури три пенали, и тоа на Минамино, Митома и Јошида, додека голови за победничката репрезентација постигнаа Влашиќ, Брозовиќ и Пашалиќ.

Хрватска ќе игра со победникот од вечерашниот меч меѓу Бразил и Јужна Кореја што се игра вечерва од 20 часот.