Литванскиот министер за надворешни работи Линкевичиус во самоизолација

Литванија – Литванскиот министер за надворешни работи, Линас Линкевичиус, објави дека оди во самоизолација по состаноците со членовите на делегацијата во придружба на францускиот претседател, кои беа тестирани позитивни на коронавирусот по посетата на Макрон на балтичките земји.

Литванскиот министер за надворешни работи беше присутен на разни официјални настани за време на дводневната посета на францускиот државен врв, изјави претставничката на литванското Министерство за надворешни работи, Раса Јакилаитиен, а агенцијата БНС објави дека минатата недела двајца вработени во француската амбасада во Вилнус биле позитивни на коронавирусот.

Литванскиот претседател Гитанас Науседа, неговата сопруга и неколку вработени во неговиот кабинет вчера беа тестирани и сите беа негативни, но од петмина службеници во претседателскиот кабинет, кои беа во близок контакт со француската делегација, беше побарано да одат во самоизолација.