Литургијата во Бигорски ја следеле над 250.000 луѓе во светот


Братството  на Бигорскиот манастир и сестринството од манастирот во Рајчица, без присутво на верници, освен затекнатите по прогласувањето на мерките за изолација, отслужија богослужби за Велики петок и Велика сабота. Богослужбите преку директниот пренос на Јутјуб каналот на манастирот и преку профилот Фејсбук ја следеле над 250.000 луѓе од целиот свет.

-2S продукција беше задолжена за преносот во живо, за што многу сме им благодарни, оти прават големо дело за народот кој е во своите домови пред малите екрани. Синоќешниот директен пренос на богослужбата го следеа над 250.000 гледачи од нашата земја, но и од целиот свет. Според коментарите оставени на нашиот официјален Јутјуб канал, како и на Фејсбук профилот, ова за нив е голема утеха и поткрепа во актуелната ситуација со коринавирусот и мерките за превенција и заштита, вели сестра Ефимија од манастирот во Рајчица.