Литературна вечер посветена на Славе Ѓорѓо Димоски во Софија


Во Македонскиот културно-информативен центар во Софија вечерва со почеток во 18:30 часот ќе се одржи вечер посветена на книжевното творештво на истакнатиот македонски поет и есеист, Славе Ѓорѓо Димоски. Настанот се организира по повод 20-годишнината од отворањето на Центарот.

За книжевниот опус и литературните квалитети на Димоски ќе говори проф. д-р Зоран Пејковски, директор на Македонскиот КИЦ во Софија.

Славе Ѓорѓо Димоски е автор на петнаесет поетски книги, шест книги за деца и четири книги со есеи. Неговото творештво е преведено на дваесет јазици, а поединечни песни и поетски циклуси се објавени на над триесет и пет јазици ширум светот.

На бугарски јазик досега се објавени три негови книги: „Зборови и вода“, „Последните ракописи“ и „Јазичен триптихон“.

Добитник е на бројни домашни и меѓународни награди, меѓу кои „Браќа Миладиновци“, „Ацо Шопов“, „Сергеј Есенин“, „Григор Прличев“, „23 Октомври“ и други.

Неговата поезија е застапена во сите релевантни антологии на македонската поезија од 1982 година наваму.