Листа на хронични болни ослободени од работа поради Ковид-19

Од лабораториските испитувања за вакцината за корона во Медицинскиот центар во Сиетл (Фото: Ројтерс)

Министерството за здравство достави Листа на дијагнози на хронични состојби, добиени во консултација со директорите на Клиниките за ендокринологија, пулмологија, кардиологија и нефрологија, за лицата кои се ослободуваат од работа поради коронавирусот.

Во врска со утврдените категории на лица кои треба да бидат ослободени од работа и работни активности врз основа на приложена потврда од матичен лекар за следниве состојби:

  1. Хронични респираторни заболувања:
  • ХОББ – Хронична опструктивна белодробна болест – J44
  • Астма – J45
  • Интестицијална фиброза – Ј84
  1. Тешки кардиоваскуларни заболувања:
  • Срцева слабост со EF<40
  • Акутен миокарден инфаркт до 3 месеци
  • Срцеви заболувања со тешка пулмонална хипертензија
  • Тешка аортна и митрална стеноза
  • Воспалителни заболувања на срце (миокардит, ендокардит) < 6 месеци
  • Инплантиран пејсмејкер или срцев дивајс до 3 месеци
  • Длабока венска тромбоза до 3 месеци
  1. Дијабетес мелитус:
  • Диајабетес тип I
  • Диајабетес тип II на инсулинска терапија со коморбидитети: Миокарден инфаркт, церброваскуларен инсулт, стеноза на периферна циркулација и ХБИ
  1. Сите малигни заболувања – C00-C97

5. Имунокомпромитирачки состојби:

  • Состојба по трансплантација на бубрег – Z94.0
  • Хроничен нефротичен синдром – N04.9
  • Интермитентна хемодијализа – Z99.2
  • Состојби со биолошка или комбинирана имуномодулирана терапија – M05, M06, M45.00
  • Некротизирачки васкулопатии, системски еритематозен лупус, дерматополимиозит, системска склероза – M31-M34