Лирман: Втората меѓувладина конференција е зацементирана, никој не може да ја спречи
Германската министерка за Европа Ана Лирман пред почетокот на меѓувладината конференција со Македонија порача дека денес ЕУ ќе ѝ прати јасел сигнал на нашата држава дека преговорите почнуваат и дека штом ги направиме уставните промени ќе се одржи втората конференција која, според неа, е „цементирана“ и не може да ја спречи никој, дури и Бугарија.
„Денес како ЕУ испраќаме јасен сигнал дека штом ќе се направат уставните промени следниот чекор ќе биде оддржувањето на втората меѓувладина конференција. И оваа одлука е како „камен“, така што никој не може да го спречи тоа , вклучувајќи ја и Бугарија“, рече Лирман пред македонските новинари.