Лионел Меси драконски казнет


Војната меѓу Барселона и Лионел Меси официјално почна.

Аргентинецот денеска не се појави на прозивката, по која требаше да им се направат тестирања на играчите на корона вирус, но и оние кои се однесуваат на физичката подготовка.

Недоаѓањето на крилниот напаѓач во тренинг центарот на Барселона ќе го чини доста.

Според шпанските медиуми, поради одбивањето да се тестира, Меси ќе мора да плати нешто повеќе од половина милион евра, или четвртина од месечната плата.

Договорот на Меси му истекува следната година и тој е предмет на спор меѓу двете страни.

Играчот сака спогодбено да го раскине, а Каталонците бараат 700.000.000 евра.