„Линкедин“ укинува повеќе од 700 работни места, ја затвора кинеската апликација


„Линкедин“, кој им ја нуди на корисниците истоимената социјална мрежа за деловни контакти, соопшти дека ќе укине 716 работни места и ќе ја затвори својата апликација „Инкариерс“ (Incareers) фокусирана на Кина.

Извршниот директор на „Линкедин“ , Рајан Рослански, рече дека отпуштањата се неопходни за да се насочат операциите на компанијата, пренесува Ројтерс.

Оваа компанија, која е во сопственост на „Мајкрософт“, во иднина повеќе ќе ги користи услугите на надворешни соработници, а Рослански во писмото наведува дека овие промени ќе доведат до отворање на 250 нови работни места.

Портпаролот на „Линкедин“ рече дека луѓето кои останале без работа во компанијата ќе можат да аплицираат за нови позиции.

Во исто време, компанијата објави дека до 9 август ќе ја затвори апликацијата „Инкариерс“ наменета за кинеските корисници поради „жестока конкуренција“ и „предизвиклива макроекономска ситуација“, според веб-страницата на „Линкедин“ .