„ЛинкедИн“ отпушта стотици вработени: Укинувањето на работните места следи по 700 откази во мај


Фото: Б. Грданоски

Компанијата „ЛинкедИн“ (LinkedIn) денеска објави дека отпушта стотици вработени, кои сочинуваат околу 3 отсто од нејзината работна сила. Укинувањето на работните места следуваше по повеќе од 700 отпуштања на онлајн бизнис мрежата објавени во мај, како и илјадници други отпуштања оваа година во матичната компанија „Мајкрософт“, која ја купи онлајн платформата за професионални мрежи во 2016 година за 26 милијарди долари, јави Асошиетед прес.

Во соопштението се вели дека годишниот приход на „ЛинкедИн“надмина 15 милијарди долари за прв пат во фискалната година што заврши во јуни.

Платформата, со седиште во Санивејл, Калифорнија, заработува од реклами и од корисници кои плаќаат за премиум услуги.

„ЛинкедИн“ вели дека има околу 19.500 вработени.

„Мајкрософт“ со седиште во Редмонд, Вашингтон имаше глобална работна сила од 221.000 вработени со полно работно време од јули, повеќе од половина од нив во САД. Ќе се додадат уште околу 13.000 вработени откако „Мајкрософт“ во петокот го презеде производителот на видео игри од Калифорнија, Activision Blizzard за 69 милијарди долари.