Линц ја откажа новогодишната прослава поради коронавирусот
Австрија– Линц е првиот град во Австрија кој донесе одлука оваа година да не организира јавен дочек на Нова Година, а овој пат, како и претходните две години, поради ризикот од ширење на коронавирусот. Годинава одлуката е донесена бидејќи, како што истакнуваат градските власти, граѓаните се уште избегнуваат поголеми собири.
„Приватниот организатор се откажа оваа година поради зголемениот ризик што може да го предизвика бранот од корона. Следната година можеби ќе биде како досега“, најавуваат градските власти.
Градоначалникот на Линц, Клаус Лугер, најавува дека околу Нова година ќе се одржат и сите други манифестации, како што е новогодишната трка. Тој нагласи дека откажувањето на јавната новогодишна прослава нема никаква врска со неодамнешните инциденти во градот на Ноќта на вештерките, кога околу 200 млади лица од странско потекло, пред се баратели на азил, се судрија со полицијата.