Лигата на нациите продолжува со 20 нови натпревари

Денес на терените во Европа ќе се одиграат 20 натпревари од третото коло во Лигата на нациите.

Нашите репрезентативци гостуваат во Естонија и ќе се обидат да ја забележат втората победа во групата, во која се на чело по 2 меча и 4 освоени бода.

Натпреварот од „Лига Ц“ во Талин почнува во 18 часот.

Со голем интерес се очекуваат и натпреварите Англија – Белгија и Франција – Португалија од Лигата „А“. „Трите лава“ имаат за враќање на „црвените ѓаволи“ за поразот во спорот за третото место на СП 2018.

Французите и Португалците сепак ќе го паметат финалето на Евро 2016, кое го освоија Кристијано Роналдо и компанија.

Лига „А“

Од 18:00 часот:

АНГЛИЈА – БЕЛГИЈА
БОСНА И ХЕРЦЕГОВИНА – ХОЛАНДИЈА
ХРВАТСКА – ШВЕДСКА

Од 20:45 часот:

ИСЛАНД – ДАНСКА
ПОЛСКА – ИТАЛИЈА
ФРАНЦИЈА – ПОРТУГАЛИЈА

Лига „Б“:

Од 15:00 часот:

ИРСКА-ВЕЛС

Од 18:00 часот:

НОРВЕШКА – РОМАНИЈА
ФИНСКА – БУГАРИЈА

Од 20:45 часот:

ИЗРАЕЛ – ЧЕШКА РЕПУБЛИКА
РУСИЈА – ТУРЦИЈА
СЕВЕРНА ИРСКА – АВСТРИЈА
СРБИЈА – УНГАРИЈА
ШКОТСКА – СЛОВАЧКА

Лига „Ц“:

Од 15:00 часот:

КАЗАХСТАН – АЛБАНИЈА

Од 18:00 часот:

ЕРМЕНИЈА – ГРУЗИЈА
ЕСТОНИЈА – СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА
ЛИТВАНИЈА – БЕЛОРУСИЈА

Од 20:45 часот:

ГРЦИЈА – МОЛДАВИЈА
КОСОВО – СЛОВЕНИЈА