„Лидл“ влегува во БиХ


Влегувањето на пазарот може да се случи веќе во 2022 година, а во зависност од големината на градовите што можат да го поддржат познатиот ренд, би можеле да се отворат до 30 продавници во земјата, пренесува Банкар.ме.
Компанијата забележа солидни перформанси во Хрватска и Србија, со тоа што Србија, како што се наведува, е посебна приказна за успехот од влегувањето на малопродажниот синџир.
„Лидл“ лесно може да ги снабдува објектите на БиХ од нејзините други операции на Балканот, за кои се вели дека работат добро оваа година и покрај проблемите предизвикани од пандемијата, пренесува порталот.
Инаку, претходно годинава имаше информации дека „Лидл“ ќе дојде и во Македонија, но од компанијата не стигна потврда на пишувањето на медиумите. Од „Лидл“ одговорија дека се насочени кон проширување на трговската мрежа во Естонија и во Латвија. Во регионот „Лидл“ е присутен во Словенија и во Хрватска (од 2006 г.), од минатата година и во Србија, а развиена мрежа маркети има и во Бугарија и во Грција.