„Лидл“ почна да бара работници во Македонија


 

Германскиот синџир маркети „Лидл“ пушти огласи за вработување во Македонија. Се бараат работници на неколку работни позиции.

Меѓу многуте огласи се бара и работник како регионален менаџер за продажба, виш регрутер, административен асистент и многу други работни места кои може да ги погледнете тука каде ќе може да видите и кои услови треба да ги исполнувате.

Инаку, компанијата конечно покажа и како изгледаат канцелариите на седиштето во земјава. Истите може да ги разгледате тука.

Од компанијата ги охрабруваат сите кои сакаат да работат кај нив да аплицираат и да станат дел од „Лидл“ семејството.

Германскиот голем трговски синџир „Лидл“ ја купил локацијата на „Бриколаж“ од компанијата „Скопски пазар“, во март годинава.

Таму се очекува да никне првиот маркет на „Лидл“ во земјава, кој нашите граѓани со нетрпение го очекуваат, а во меѓувреме масовно пазарат од маркетите на фирмата во Грција, но и во соседна Србија, се разбира кога ќе имаат прилика да ги посетат тие држави.
 
Во февруари 2021 година „Лидл“ ја регистрираше својата компанија во Македонија, а ќе биде управувана од бугарската филијала.