„Лидл“ ја започна изградбата на својот прв маркет во Сараево


Во сараевската населба Халиловиќи започна изградбата на супермаркет на германскиот трговски синџир „Лидл“.

Рокот за завршување на првата продавница на „Лидл“ во Сараево е 18 ноември годинава. Во Бјелина неодамна беше завршена изградбата на првата продавница на „Лидл“.

Во Лепеница, кај Сараево, овој трговски синџир гради дистрибутивен центар кој ќе има 60.000 квадратни метри. Овој центар ќе биде недалеку од автопатот од Сараево кон Мостар.

„Лидл“ гради и еден објект во источно Сараево.

Според најавите, „Лидл“ ќе има продавници низ Босна и Херцеговина. Тие продавници треба да бидат во сите градови со над 30.000 жители. Станува збор за вкупна инвестиција од една милијарда КМ, а ќе вработи 2.000 луѓе.

На крајот на 2022 година, германската компанија во Босна и Херцеговина го зголеми својот капитал на речиси 100 милиони KM, а веќе има повеќе од 100 вработени.