Лидија Димковска – прва гостинка во обновениот читачки клуб на Јуроп Хаус во Скопје


Фото: Б. Грданоски

Првата средба на обновениот читачки клуб во Europe House во Скопје ќе започне вечерва во 19 часот со Лидија Димковска и нејзиниот роман „Единствен матичен број“. Романот неодамна ја доби престижната награда „Роман на годината“ во организација на Фондацијата „Славко Јаневски“. Модератор на разговорот ќе биде Александар Маџаровски – Читачот.

„Единствен матичен број“ е четврти роман на Лидија Димковска, издаден во 2023 година во издание на ТРИ. Во овој роман таа низ една семејна приказна се зафаќа со темата на идентитетот, миграцијата, современaта дистописка изолираност и алиенација содржани во поимот „пустелија”.

Димковска ја доби Европската награда за литература во 2013 година со романот „Резервен живот“ и водеше работилница за креативно пишување на проза, во соработка со Europe House.