Лидија Димковска на поетски фестивал во САД


 

На покана на Пол Малдун, добитник на Пулицеровата награда за поезија, поранешен уредник за поезија во „Њујоркер“ и професор по креативно пишување на универзитетот Принстон во САД, на 25 и 26 октомври на поетскиот фестивал „Принстон“ ќе учествува и Лидија Димковска заедно со уште единаесетмина поети од САД, Шри Ланка, Украина и Јамајка.

Фестивалот е во организација на Центарот за уметности „Луис“ при универзитетот Принстон кој важи за еден од најстарите и најреномираните универзитети во САД.

На фестивалот кој се одржува биенално, а оваа година е во рамките на прославата на 80-годишнината од основањето на програмата за креативно пишување на универзитетот, поетите селектирани од Пол Малдун, речиси сите наградувани и високо вреднувани во областа на поезијата, ќе се претстават на повеќе поетски читања, дебати на тема „Поезијата и притисокот“, како и поетски перформанси.