Лидија Димковска е автор на годината, соопшти МАИ


Фото: Б. Грданоски

Писателката и поетеса Лидија Димковска е авторка на годината, „ПРОаЗА“ на „Или-или“ е најдобра едиција, „Не кажувам“ од Петар Андоновски, дизајнирана од Марко Трпески има најдобра корица, а градската библиотека „Браќа Миладиновци“ креира најдобра кампања за развивање на читачката култура.

Македонската асоцијација на издавачи синоќа ги додели традиционалните признанија межу два саема на книга. Во комисијата членуваа: Николина Андова-Шопова, писателка, Биљана Стојановска, поетеса и новинарка и Ива Јованова, графичка дизајнерка.

ПРИЗНАНИЕ ЗА НАЈДОБРА ЕДИЦИЈА

 

1. место: едицијата „ПРОаЗА“ („Или-или“)
2. место: едицијата „Бранови“ („Антолог“)
3. место: едицијата „Современи класици“ („Арс ламина“)

ПРИЗНАНИЕ ЗА НАЈДОБАР ДИЗАЈН НА КОРИЦА

1. место: „Не кажувам“ од Петар Андоновски, дизајнирана од Марко Трпески („Полица“)
2. место: „Базирано врз речиси вистинити настани“ од Ѕвездан Георгиевски, дизајнирана од Наталија Лукомска („Бегемот“)
3. место: „Кабинет на чуда со ѕидови од огледала“ од Владимир Јанковски, дизајнирана од Марко Трпески („Антолог“)

ПРИЗНАНИЕ ЗА НАЈДОБРО ЛИКОВНО-ГРАФИЧКИ УРЕДЕНО ИЗДАНИЕ

1. место: „Варшава го исцртува Скопје“ од Кинга Нетман-Мултановска; автор на дизајнот: Петер Личковски („Бегемот“)
2. место: „Костимот во Македонија од појавата на фотографијата до денес“ од Зорка Тодорова Младеновиќ; графичко уредување на „Арс ламина“
3. место: „Гени, мени, сени“ од Владимир Лукаш (текст и илустрации), со графичко уредување на „Супрема“

ПРИЗНАНИЕ ЗА НАЈДОБРА КНИГА ЗА ДЕЦА

1. место: „Си беше еднаш – Најубавите бајки на сите времиња“ (прир. Оливера Ќорвезироска, со илустрации на Наталија Лукомска) („Арс ламина “)
2. место: „Момчето од зборови / Девојчето од ноти“ од Катерина Николовска („Чудна шума“)
3. место: „Рокчето“ од Никола Маџиров, со илустрации на Анета Илиевска („Арс ламина“)

ПРИЗНАНИЕ ЗА НАЈКРЕАТИВНО ИЗДАНИЕ

1. место: „Момчето од зборови / Девојчето од ноти“ од Катерина Николовска („Чудна шума“)
2. место: „Шарени ириси“ од Јована Матевска Атанасова, со илустрации на Симонида Филипова Китановска („Арс ламина“)
3. место: „Мојата прва библиотека“ од Деспина Мукоска („Арс ламина“)

ПРИЗНАНИЕ ЗА АВТОР НА ГОДИНАТА

Наградена: Лидија Димковска („Три“)

ПРИЗНАНИЕ ЗА ПОТТИКНУВАЊЕ НА ОПШТЕСТВЕНА ОДГОВОРНОСТ

1. место: Сликовница „Другарко“ од Денис Јанкуловски, илустраторка: Наташа Костовска („Прозарт медиа“)
2. место: „Шарени ириси“ од Јована Матевска Атанасова, со илустрации на Симонида Филипова Китановска („Арс ламина“)
3. место: Проект „Да ти ја раскажам мојата приказна“ („Сказнувалка“)

СПЕЦИЈАЛНО ПРИЗНАНИЕ ЗА ПРОМОТОР НА ЧИТАЧКАТА КУЛТУРА

Наградена: Градска библиотека „Браќа Миладиновци“ – Скопје за кампањата „Читаме современи македонски автори“