Лидерот на Нова демократија положи свечена заклетва


Во присуство на потесниот круг од семејството и пред претседателот на државата, лидерот на Нова демократија, Кирјакос Мицотакис денеска положи свечена заклетва во претседателската палата, јави дописничката на МИА од Атина.

Кусо пред почетокот на заклетвата Кирјакос Мицотакис и Прокопис Павлопулос имаа тет а тет средба во кабинетот на грчкиот претседател.

Како што јави дописничката на МИА од Атина, во претседателската палата на свечената заклетва присуствуваа сопругата на Мицотакис и нивните три деца, сестрите на новиот грчки премиер меѓу кои и поранешната шефица на грчката дипломатија, Дора Бакојани.