Лидерите од Г7 одржаа самит како да е војна

Лидерите на Г7 денес одржаа самит како да е војна – од неколку различни локации и онлајн. Додека главнината од нив беа во Киев, каде што отидоа за да изразат поддршка за тригодишнината од воената агресија врз Украина, од Вашингтон им се приклучи на видео врска американскиот претседател Доналд Трамп, со кого во Белата куќа беше францускиот претседател Емануел Макрон, заедно со неговиот потпретседател Џеј-Ди Венс. Останатите лидери се приклучија онлајн.
Самитот на Г7 се одржува во исто време кога во ОН се разгледуваат резолуциите на Украина и на САД за руската агресија, кои ги ставија повторно на различни страни ЕУ и САД. Истата ситуација се пренесе и на самитот на лидерите на Г7, каде што САД се обидуваат да го омекнат тонот на заедничката изјава, при што лице информирано за преговорите рече дека имало „начелен договор“ за компромисен текст на Г7 за ова прашање, но дека Трамп последователно одлучил дека тоа треба да зависи од резолуциите на ОН.
САД минатата недела одбија да се согласат со изјавата на Г7 која се однесуваше на „руската агресија“ против Украина. Американскиот секретар за одбрана Пит Хегсет го повтори тој став изминатиот викенд.
„Фер е да се каже дека тоа е многу комплицирана ситуација“, рече тој за Фокс њуз Сандеј на прашањето дали е „фер“ да се каже дека Русија ја нападна Украина.