Лидерите на грчките партии упатија порака до граѓаните да излезат на гласање
-Денеска зборот е кај граѓаните. Целосно имам доверба во нивната одлука и сигурен сум дека утре ќе се раздени нов светол ден за нашата татковина, порача лидерот на Нова демократија, Кирјакос Мицотакис.
-Денеска граѓаните со нивниот глас вртат страница во Европа и во Грција. Ја затвораат вратата на екстремната десница и на популизам и го отвораат патот за прогресивни разврски во нашата земја, рече претседателката на Движењето на промени, Фофи Генимата, откако го оствари своето право на глас.
-Сакам да испратам порака, особено до младите луѓе. За да се родиме, сперматозоидот не се колебаше, отиде напред. Не остана да гледа што прават другите. Тргна и на крај успеа. Одлучи се, не останувај назад, гласај, порача лидерот на партијата Река, Ставрос Теодоракис.