Лидерите на ЕУ на видео врска за борба со ширењето на Ковид-19


Лидерите на 27 земји-членки на Европската унија ќе разговараат денеска преку видео-врска за заеднички напори за борба против ширењето на пандемијата со новиот коронавирус и за ублажување на економските последици на здравствената криза.

Редовниот пролетен самит, закажан да се одржи во Брисел в четврток и петок, беше откажан поради кризата со вирусот, а наместо тоа, ќе се одржи видео конференција денеска попладне, главно фокусирана на тоа како да се справат со кризата и последиците.

Дискусијата ќе биде насочена кон четири приоритети: сузбивање на ширењето на вирусот; снабдување со медицинска опрема, особено респиратори и маски; поттик за истражување, особено за вакцина и за социо-економските последици.

Тоа ќе биде трета видео конференција посветена на координативните напори за борба против новиот коронавирус.

Членките ќе поддржат и одлука за отворање на преговори со Скопје и Тирана.