Личниот лекар на Марадона обвинeт за неговата смрт


Хирургот Леополдо Луке се наоѓа под истрага на аргентинските власти поради негрижа и пропуст во лекувањето на Диего Армандо Марадона.

Цел свет жали за најдобриот фудбалер на сите времиња, кој почина на возраст од 60 години, поради инфаркт.

Луке се грижеше да Марадона до последниот ден, но сега е обвиент и се наоѓа под истрага.

Ќерките на Марадона, Далма, Џанина и јана сведочеа за негрижата и недговорноста на хирургот, поради што против него е покрената истрага.

Полицијата изврши рации во ординацијата на Луке и во неговиот дом и конфискува документи поврзани со лекувањето и грижата за Диего Армандо Марадона.

Дури 60 полицајци учествуваа во оваа акција.

Се почнува од денот кога Марадона е пуштен од болницата во Буенос Аирес, каде беше опериран поради излив во мозокот.

Тој е обвинет дека тогаш не ги презел сите мерки за да му помогне на Марадона и дека прерано го пуштил од болница, што на крајот и доведе до негова смрт, до оглед на тоа дека немал вистинска нега, како и адекватна и брза медицинска помош во моментот кога му се слошило, по што почина.

На товар му се става и тоа што како главен човек задолжен за грижа за Диего, не бил покрај него кога му се слошило.

Порталот „Ел диа“ објави и дека се товари затоа што кога повикал брза помош рекол дека се работи за „маж на возраст од 60 години“, а не за Диего Марадона, што би ја променило ситуацијата.

Судењето почнува во понеделник.