Лицата со церебрална парализа заслужуваат општество со еднакви можности
Општина Кисела Вода организираше настан за лицата со церебрална парализа по повод интернационалниот ден за подигање на свеста за церебрална парализа. Беше истакнато дека 25 Март е само еден од деновите кога општеството треба да зборува гласно за потребите на овие лица, а грижата и поддршката треба да бидат секојдневни.
-На средбата, овие деца и нивните родители преку дружба и забава со градоначалникот Орце Ѓорѓиевски уште еднаш проговорија за потребата од надминување на општествените бариери и можноста за нивна поголема вклученост во социјалните случувања, соопшти Општина Кисела Вода.
На настанот присуствуваше и директорот на ЈУ Меѓуопштински центар за социјални работи на град Скопје, Лиридон Бафтији, со кој се дискутираше и за обезбедувањето поголема институционална поддршка. Тој ја изрази својата подготвеност за интензивирање на соработката со цел унапредување на условите за лицата со попреченост.
Од лицата со церебрална парализа и градоначалникот Ѓорѓиевски и директорот Бафтији добија лично изработен подарок.

