Левица реагира на зголемувањето на буџетот за министерството на Артан Груби


З

Левица реагира на зголемувањето на буџетот на Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците што го раководи Артан Груби за 30 милиони денари.

-Пред непосредното покачување на цените на храната и електричната енергија, во време на рекордни стапки на инфлација и непредвидливо идно економско полугодие, со шампионски неразвојниот ребаланс на буџетот, се предвидува дополнително јакнење на јазолот на непродуктивноста во државната администрација. Додека македонските граѓани секојдневно не можат да сврзат крај со крај во услови на немаштија, Артан Груби одвојува дополнителни 30 милиони денари за плати во Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците.

Со ова, ДУИ вработува партиски кадри, кои се дополнителен товар на преоптоварената државна администрација, во време додека владата на Димитар Ковачески и режимот Заев-Ахмети-Ковачевски, не сакаше да одвои ни денар повеќе за просветните работници.

Работата на ова министерство е позната во македонската јавност со контроверзната распределба на работни места, кои се пополнети со вработени кои не го посетуваат работното место, ниту пак ги извршуваат работните обврски. Ова се одразува во севкупниот квалитет на Министерството кое има широк дијапазон на ингеренции, кои секако не ги става во полза на граѓаните, туку на штета на државната каса, која се празни на контото на ДУИ, стои во реакцијата на Левица.