Левица поднесе предлог-закон за кривична одговорност на судиите
Пратениците на Левица поднесоа предлог-закон за дополнување на Кривичниот законик со кој предлагаат воведување на кривична одговорност за судиите. Според портпаролот на партијата, Амар Мециновиќ, јавноста долго време го чека овој предлог-закон поради општата недоверба во судството и сегашната правна несигурност.
Се предлага во Кривичниот законик, по членот 353 в, да се додаде нов наслов и член кој гласи кршење на законот од страна на судии.
Мециновиќ смета дека како позадина на иницијативата на владеачкото мнозинство за разрешување на членовите на Судскиот совет стои идејата за „судството да се испопика со нивни подобни судии и судии од тефтерчето“.