Левица: Кадар на ДУИ именуван за заменик-директор на АНБ


Владата на ДПМНЕ, ВРЕДИ и ЗНАМ го именувала Бесник Ферати на позицијата заменик-директор на Агенцијата за национална безбедност (АНБ), соопштија од Левица.

Во партиското соопштение до медиумите се вели дека Бесник Ферати како кадар на ДУИ беше заменик и на претходниот директор Еролд Муслиу кој го следа бројни скандали, а за кои ревносно реагираа токму и од сега владејачката ДПМНЕ.

“Иако Законот јасно наведува дека директорот и неговиот заменик, како и вработените во АНБ не смеат да бидат членови на политички партии – Ферати е познат како кадар на ДУИ и според информациите, близок со Артан Груби и Али Ахмети”, велат од Левица.

Дополнително, за Ферати постојат и информации кои велат дека е поврзан со разни кланови и “бзнисмени” со сериозен криминал.

Пред само две години од претходниот и актуелен заменик-директор на АНБ, Бесник Ферати, излезе снимка каде тој заедно со ексминистерот Крешник Бектеши мавтаат со албанско знаме за што беа крајно изреволтирани членовите на ДПМНЕ и се надеваа, апелираа до нивниот лидер кога ќе дојде на власт да ја расформира тогашната структура на АНБ. Сепак, евидентно, тоа не се случи, а наместо реформирање, денешната власт ги продолжува истите практики и ги рехабилитира контроверзните кадри на претходната владејачка коалиција СДСМ–ДУИ, се вели во соопштението  на Левица.