Левица бара вонредна седница на Советот на Град Скопје за вработените во ЈП „Паркови и зеленило“ да земат плата


Фото: Б. Грданоски

Работниците во друштвата основани од ЈП „Паркови и зеленило“ Скопје – „Флораком“ ДООЕЛ и „Луна“ ДООЕЛ – веќе три месеци немаат земено плата, обзнанија од партијата Левица.

Работничките организации при овие две друштва, пред одржувањето на вонредната Седница на Советот на Град Скопје, која се одржа на 17-ти јануари, до сите координатори на советничките групи во Советот како и до Градоначалникот на Град Скопје, испратиле барање за овој проблем да се најде на дневниот ред, но тоа не се случи.

Советниците од Левица поднеле иницијатива, односно барање за свикување на вонредна седница на Советот на Град Скопје со една точка на дневен ред: Донесување на Одлука за одобрување на субвенции за потешкотии во работењето на ЈП Паркови и зеленило Скопје со намена за деблокада на сметката заради исплата на неисплатените плати.

Повикуваат, што поскоро да се свика вонредна седница, за вработените да земат плата за последните три месеци.