Левица бара конфискација на нелегално стекнатиот имот на Мијалков
По фијаското со самопријавувањето на Сашо Мијалков во Обвинителството и
скандалозната изјава на премиерот Заев дека тој лично координирал со акцијата,
како да е обвинител, а не премиер – денес беше изречена 12 години затворска казна
за поранешниот директор на УБК. Се работи за еден од најголемите криминали и
злодела на претходниот режим, преку кој масовно беа нелегално прислушувани
тогашни критичари на власта, вклучително и претседателот на Левица – Димитар
Апасиев, соопшти оваа партија За правдата да биде задоволена, според Левица, потребно е спроведување на конфискација, како што предвидува член 97 од Кривичниот законик:
„Од сторителот ќе се конфискува имотната корист прибавена со кривичното дело што се состои во пари, подвижни или недвижни предмети од вредност, како и секоја друга сопственост…, а ако нивната конфискација не е можна на сторителот ќе му се конфискува друг имот што одговара на прибавената имотна корист. Имотната корист се конфискува и од трети лица на кои е пренесена без соодветен надоместок, ако не знаеле, а можеле или биле должни да знаат дека е прибавена со кривично дело.” Јасно е дека Мијалков ја злоупотреби својата политичка моќ, преку која прибави
огромна економска корист и политичко влијание при што постана еден од
најбогатите олигарси во државата. Токму концентрацијата на политичка и економска
моќ ги предизвикува сите девијантни појави на системот – како неказнивост,
корупција, уцени и сеење страв спрема граѓаните. Затоа, не е доволно да се лиши
Мијалков од слобода, туку нужно потребно е истиот да се лиши од плодовите на
неговите криминални дејствија, стои во реакцијата на Левица.
Според правните експерти во овој случај сепак нема основа за конфискација на имот бидејќи не се работи за незаконски стекнати сретства, поради што е утврдена само оштета за уништената опрема и за прислушуваните лица.