Левица бара јавно извинување: Орце ги навреди самохраните мајки
Јавноста синоќа беше сведок на навредлив однос кон самохраните мајки и нивните деца од страна на Орце, кандидатот за градоначалник на Скопје од ДПМНЕ. Орце ги омаловажи жените кои секој ден се борат сами, без ничија помош, за да им обезбедат достоинствен живот на своите деца. Навредите на Орце се насочени кон секоја мајка што со ноќи не спие за своето дете и кон секоја жена што се жртвува за да го одгледа своето семејство со чесност и пот, велат од Левица.
„АФЖ Левица ги осудува изјавите на Орце и бара јавно извинување од него! Извинување до сите самохрани мајки, извинување до сите самохрани родители, извинување до нивните деца! АФЖ Левица стои на страната на сите самохрани мајки кои со пожртвуваност го носат товарот на еден систем што ги заборава и понижува – систем чиј прототип се Орце, неговиот арогантен однос и неговите навреди.