Левица бара итна седница за пратенички прашања заради Еуростандард банка


Пратениците на Левица, Димитар Апасиев и Борислав Крмов, бараат утре да се одржи седница за пратенички прашања на која ќе присуствуваат министерката за финансии Нина Ангеловска и гувернерката на Народна bанка, Анита Ангеловска-Бежовска, за да одговорат за пропаѓањето на Еуростандард банка.

Од Левица информираат дека денеска до претседателот Талат Џафери упатиле официјално писмено iзвестување со барање за свикување итна седница за поставување пратенички прашања, која согласно Деловникот е предвидена да се одржува секој последен четврток во месецот.

„Бидејќи планираме на оваа седница да го отвориме контроверзното прашање за пропаста на Еуростандард банка во стечај и на тргувањето со инсајдерски информации од страна на актуелни функционери на штета на граѓаните и јавниот интерес, пратениците на Левица, 24 часа пред седницата, писмено побараа на неа да се обезбеди задолжително присуство на министерката за финансии Нина Ангеловска и на гувернерката на Народна банка на  Анита Ангеловска-Бежовска, согласно чл. 38 од Деловникот“, велат од Левица.