Левандовски: Не можам да замислам Мбапе и Халанд да доминираат како Меси и Роналдо


Напаѓачот на Баерн, Роберт Левандовски го сподели своето мислење за тоа дали Килијан Мбапе и Ерлинг Халанд ќе можат да доминираат во фудбалот во иднина, како Лионел Меси и Кристијано Роналдо.

– Тие имаат талент, тоа е сигурно, но којзнае, можеби за 2-3 години ќе има нови млади напаѓачи кои ќе ги стигнат. Не можам ни да замислам дека ќе доминираат во светскиот фудбал како Меси и Роналдо во последните 12 години. Тие ја освоија секоја можна титула и испишаа историја. Мислам дека во следните 10 години неколку играчи ќе ја освојуваат  титулата најдобар. Мбапе игра добро со двете нозе. Ме потсетува на Тиери Анри, не се сомневам дека Килијан ќе остане засекогаш во фудбалската историја. Што се однесува до Халанд, понекогаш може да изгледа бавен, но всушност е брз, експлозивен и многу технички. И тој може да стане еден од најдобрите, рече Левандовски.

За Халанд и Мбапе владее голем интерес кај најдобрите европски екипи.