Левандовски кариерата ќе ја продолжи во Барселона


Полскиот фудбалер Роберт Левандовски ќе биде нов играч на Барселона. Баерн ја прифати понудата на Каталонците од 50 милиони евра и тој во текот на викендот и официјално ќе стане нов играч на тимот од „Ноу Камп“.

Роберт Левандовски мина осум години во Баерн, одигра 375 натпревари и постигна 344 гола за Баварците. Со Баерн осум пати беше германски првак, три пати победник на Купот и пет пати победник на Суперкупот.

Во дресот на тимот од Минхен ја освои и Лигата на шампионите во сезоната 2019/2020.

Барселона пред неколку дена за 58 милиони евра од Лидс го донесе Рафиња, а како слободни играчи договори со клубот потпишаа Франк Кеси и Андреас Кристенсен.