Летниот одмор тргнал наопаку: Околу 450 туристи ставени во карантин, некои дури се обиделе да избегаат

Околу 450 туристи се наоѓаат во изолација во одморалиште на северот на Сардинија, кое е ставено во карантин затоа што биле потврдени случаи на коронавирус, а две лица се обиделе да избегаат од тоа место.

Стотици гости на туристичкото одморалиште Санто Стефано,кое му припаѓа на архипелагот Ла Мадалена, се во изолација од понеделник вечер, јавуваат италијанските медиуми.

Како што се наведува, еден од двата случаи позитивни на коронавирус на тоа место е сезонски работник, односно музичар, кој е со симптоми, сместен е во болница во градот Сасари во Сардинија.

Околу 450 туристи во Санто Стефано можат да се движат само во областа, но не им е дозволено да одат на други места.

Две лица се обиделе да избегаат од карантинот, но биле запрени од карабини пред да стигнат до аеродромот во Олбија.

После два потврдени случаи на коронавирус, обврската за употреба на маска е воведена на Ла Мадалена на улиците на центарот од 9:00 часот до 14:00 часот, а не само од 18:00 часот до 18:00 часот, како што е предвидено со новиот указ на италијанската влада.

Во Сардинија досега се потврдени 1.512 позитивни случаи на ковид 19, од кои 134 пациенти починале како резултат на вирусот.