Летечки контејнери


На Фејсбук страницата „Не биди ѓубре“ секојдневно се објавуваат фотографии од расфрлани отпадоци, од преполни контејнери или ѓубре околу нив.

Денеска се појави пост со фотографија од контејнер полн со надувани балони.

„Победникот за денеска“ – коментира објавувачот. Секако, дел од коментарите се во насока на тоа дека овие гумени балони ќе се распаѓаат на депонијата „Дрисла“ во следните 200 години, но на читателите ова им наликува и на цртаниот филм „Нагоре“, во кој главниот јунак одлета со целата своја куќа на која врза безброј балони.

 

https://www.facebook.com/photo.php?fbid=2680503581973633&set=gm.357350441600308&type=3&eid=ARC3m3m0Tw89wAVcg1d-t3N6_LIbcls5axEXuwQtefmdrhX6OzZnDQMf5UxQkSkr2jHsD0LZ7Pk7d4ZH&ifg=1