Лесни пари: Заработија 150.000 евра од јавни тоалети


Туристите на хрватското приморје, освен што плаќаат на угостители, хотели и изнајмувачи, плаќаат и за користење јавни тоалети.
Тоа му носи добра заработувачка на Дубровник. Така, градското претпријатие „Чистота“ лани имало заработка од повеќе од 1,1 милион куни, или околу 150.000 евра.
Едно влегување во WC чини седум куни, што е речиси едно евро.
Се наплатува на неколку локации на јавни тоалети, кои се опремени со софистициран систем за наплата со современи технолошки решенија, а повеќето внатрешни простории се обложени со инокс и таканаречен антивандал материјал, што оневозможува кршење и уништување на инвентарот.