Леш скриен 30 години најден во француска палата вредна 35 милиони евра


 

Француските власти покренаа истрага за убиство откако во текот на реновирањето на париска палата вредна 35,1 милион евра е пронајден леш кој таму бил скриен 30 години.

Палатата се наоѓа во ексклузивна населба во Париз, Освен главната зграда има внатрешен двор и приватни градини.

„Се работи за важна историска градба. Таму живееле многу познати личности, меѓу кои и поетот Франсоа Копе“, вели за Си-ен-ен Сабине Лебетон, потпретседателка на локалната организација за зачувување на историската населба.

„Местото зборува само за себе. Одназад има огромна градина. Може да замислите какви се свечеости и забави се одигрувале на тоа место, Тоа е еден сосема друг век“, додава таа.

Палатата во улицата „Удино“, напуштена е од средината на 18 век, а продадена е во јануари за 35,1 милион евра.

Извор за француското правосудство за Си-ен-ен вели дека париското обвинителство покренало прелиминарна истрага за убиство откако на 26 февруари во текот на обновата во подрумот е најдено тело.

„Телото е пронајдено на место кое никој не го проверил. Никој детално не го прегледал подрумот“, рече адвокатот Бруно Пикард, кој билзадолжен за продажба на палатата.

„Пронајдоа мртов човек. Очигледно бил таму веќе 30 години. Со оглед на тоа колку време поминало, прашање е што ќе покаже истрагата. Мислам дека сопственикот наскоро ќе продолжи со обновата“, вели тој.