Лепа Брена ќе пее за Денот на ослободувањето на Куманово

Балканската мега ѕвезда Лепа Брена и Џенан Лончаревиќ,  ќе настапат на прославата по повод 11-ти ноември – Денот на ослободувањето на Куманово. Лепа Брена ќе настапи на 10-то ноември, а Лончаревиќ ден претходно на 9-ти ноември. Програма ќе има и на 8-ми ноември, но се уште се преговара за изведувачите. Програмата ќе се одржува на Градскиот плоштад во Куманово.

Предгрупи на ќе бидат „Некст тајм“ и српскиот дувачки оркестар на Бојан Ристиќ.

Општина Куманово и оваа година организира богата културно-уметничка програма за одбележување на годишнината од ослободувањето на градот, како и големиот јубилеј 500 години Куманово.