Лена Дахнам од Холивуд: Последиците од Ковид уште ги чувствувам

САД- Актерката Лена Дахнам откри дека таа е една од повеќе од 4,6 милиони Американци кои го преживеале Ковид-19. И додека продуцентката на Girls  изјави дека оттогаш се тестирала негативно на  коронавирус, нејзините симптоми не исчезнале сосем..

Данхам рече дека размислувала дали да го сподели своето лошо искуство, кое започна во март.

„Но, гледајќи ја негрижата на граѓаните во Соединетите држави – без социјална дистанца,  без маски и забави кои се споделуваат на Инстаграм“, напиша Дахнам, „Се чувствувам принудена да бидам искрена за влијанието што оваа болест го има врз мене, со надеж дека личните приказни ни овозможуваат да ја видиме хуманоста во она што може да се чувствува како апстрактни ситуации “.

34-годишната актерка ги наброја симптомите што ги почувствувала: болки на зглобовите, замор, вкочанетост во рацете, губење на вкус и мирис, трепетска главоболка, случајни црвени осипи и неможност на дишење по едноставни задачи.

„Се чувствував како да сум комплексна машина што беше исклучена “, објасни Данхам.

Повеќето, но не сите од овие симптоми се смириле по 21 ден. Некои останале дури и откако била тестирана негативно на Ковид , околу еден месец тешкотии.

„Имав отечени раце и нозе, непрестајна мигрена и замор што ми го ограничуваше секој потег“, рече Данхам, кој претходно зборуваше за страдање од ендометриоза и фибромијалгија. „Дури и како хронично болен човек, никогаш не сум се чувствувала на овој начин“.

Лекарот на Дахнам заклучил дека нејзината хипофиза, дел од мозокот одговорна за регулирање на важни функции, „скоро целосно престана да функционира“. Паралелно со тоа артритисот со кој се борела во минатото, пак и се вратил, како последица од Ковид-19.