Лекот ивермектин доби дозвола за употреба во Македонија


Лекот ивермектин наскоро ќе се користи и во земјава.  Комисијата за заразни болести дала зелено светло. Од Агенцијата за лекови велат дека официјалниот документ до нив најверојанто ќе пристигне денеска, по што се очекува да почне постапката за увоз на потребните количини од овој лек.  

Во моментов во соседството најмногу се користи во Грција и според неофицијални информации на Агенцијата за лекови доста граѓани од тука го нарачуваа од таму.

Министерот за здравство Венко Филипче за Сител потврди дека за користењето на овој лек се чека мислење од стручните тимови во Агенцијата за лекови. 

Станува збор за антипаразитален лек, кој се користи долги години во медицината. Досега се покажал како одличен во лекувањето на корона вирусот.