Лекарите во Хрватска, што ќе се заразат на одмор, нема да земат плата


 

Лекарите во Хрватска, по враќањето од годишните одмори, ги пречекаа „анкети“ и предупредувања во болниците.

Но, се се сведува на тоа дека нема да им биде исплатена плата ако заболат од ковид-19, односно ако по своја вина се заразиле на одмор.

Хрватското здружение на лекари во соопштение остро ја осуди одлуката затоа што сметаат дека лекарите со ова се дискриминирани.

Имено, укажувата на тоа дека со ваква одлука само лекарите ќе бидат казнети за евентуално несовесно однесување во состојба на пандемија.

Потсетија дека според хрватските закони, неисплаќање на плата, ако работата е завршена во согласност со договорот за работа, е кривично дели и дека хрватските лекари, ако правата им бидат прекршени, ќе бидат присилени да се обратат до судот.