Лекар нападнат од татко на починат во сообраќајка

Илустрација

Лекар од итната помош кој интервенирал по сообраќајна незгода и им помагал на настраданите, бил навредуван од нивни роднини, а таткото на починатиот го нападнал.

Во неделата во 10.20 часот во СВР Куманово, В.В(39) од Куманово, вработен како лекар на итна медицинска помош пријавил дека на 01/02.08.2020 окулу 22.00 часот додека бил на интервенција по претходно случена сообраќајна незгода на пат Куманово -Свети Николе, во близина на с.Добршане  бил навредуван од две непознати лица, роднини на починатиот , по што од таткото на починатиот бил физички нападнат. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.