Легендите сложни за Лечиќ: Лазо даде огромен придонес за кошарката на овие простори


Во чест на 80. роден на Лазар Лечиќ, во Скопје пристигнаа прославени кошаркарски имиња од поранешна Југославија. На денешната прес-конференција, дел од нив говореа за кариерата на легендарниот „Грк“.

Словенецот Иво Данеу се присети на првата соработка со Лечиќ во Љубљана пред повеќе од четириесет години кога Лечиќ ја предводеше Олимпија.

– Секоја ноќа сакаше до 2 часот да зборува за кошарка. По некое време му реков дека јас не можам секој ден толку доцна да останувам, а тој секогаш зборуваше за кошарката.

Трофејниот хрватски тренер Мирко Новосел се наврати на далечната 1974 година кога се одржа Балканското првенство во Солун.

– Го повикав Лазо да биде мој помошник во репрезентација. Оттогаш трае нашето пријателство. Многу се радувам што по неколку децении се собираме на заеднички собир. Некои дури не можев да ги препознам. По долги години со задоволство повторно сум во Скопје, рече Новосел.

Благоја Георгиевски Буштуе кој е еден од иницијаторите за ваквата средба истакна дека со самото доаѓање на великаните на кошарката од целиот Балкан, говори колку Лазар Лечиќ е почитуван насекаде каде работел.

Претседателот на Олимпискито комитет на Србија

– За Лечиќ не дојдоа само тие кои не се живи и тие кои не можат. Тоа говори за неговата величина. Имав можност да научам многу за кошарката од него. Тој со релативно слаби екипи им парираше на големите фаворити. Имам големо почитување за тој човек. Ќе му доделам плаката на Олимпискиот комитет на Србија која тој ја заслужи и која не се дава на било кој, рече Маљковиќ.

На пресот беа присутни и Братислав Бата Ѓорѓевиќ, Богдан Тањевиќ, Ратомир Тврдиќ… Сите тие попладнево присуствуваат на Свечената академија по повод 80. роденден на Лазар Лечиќ.