Легендата на новинарството Горан Милиќ на диета: Ослабев 20 кг заради Америка


Хрватска – Три месеци легендата на ЈУ-новинарството Горан Милиќ патеше држејќи диета. Се одрекол, вели од сѐ што е вкусно со надеж дека лекарите ќе му соопштат дека не е веќе во ризичната група па ќе може да отпатува во САД за да го сними новиот серијал “What’s up America”.

-Направив натчовечки напор летово, ослабев 20 кг, го намалив шеќерот но ниту тоа не беше  доволно да докторката ми го одобри патувањето, изјави Милиќ за Jutarnji list.

Иако лично не ќе може да патува, славниот новинар застана на чело на екипата која работи на два континента и снима во различни временски зони.

Уредникот кој се прослави како водител на Дневникот и уредник на патеписи не може да се збогува од ТВ иако во 2011 година заминал од ХРТВ и формално во пензија. Едно време работеше во Сараево на Ал Џезира, а последните три години снима во Хрватската регија и најмногу му одговара да биде свој шеф.

Милиќ најмногу одмара во Слано крај Дубровник со сопругата Ана, исто новинарка, со синот Мрко, портпарол на Владата на РХ и ќерката Лана, адвокат.